Само со еден клик од вашиот домашниот комјутер за секоја нерешлива задача, сега може да имате брз и точен одговор, со помош на „Teachhooт“, првата образовна онлајн платформа во Македонија. Губењето време и барањето на решение преку стандардните часови може да биде минато. За оваа образовна програма времето и просторот не претставуваат никаков проблем. Основачите на истата објаснуваат зошто е тоа така.
„Ние со нашата платформа ги обединивме сите овие процеси и ги ставивиме онлајн со тоа што самиот процес на пребарување на туторот и стапување во контакт, закажување на час, наплата и одржување на самиот час се одвива на инашата интернет страница Teachhoot.com, вели Тошо Мицевски, основач и креатор на „Teachhooт“.
Коосновачот Дејан Живковски вели дека сите ќе имаат бенефит од ваквата програма:
„Дефитивно ова е ревулуционерен потег и за нас како претприемачи и стартап фирма. Навикнувањето на луѓето ќе биде потешко, но кога ќе се видат бенефитите од ваквата револуција за начинот на учење и заштедата на простор и на време, мислам дека ќе биде добро“, вели Дејан Живковски, коосоновач на „Teachhooт“.
Во моментот платформата располага со 34 тутори, односно професори по различни предмети, комјутерско програмирање и изучување кинески јазик.
„Секој кој ќе се регистрира може да види каков тутор му треба и по кој предмет. Со самиот клик, тој веднаш доаѓа до информација кој е туторот и кога е слободен за часови. Тоа навидум изгледа како многу сложен процес, но во суштина е многу едноставен“, вели туторот Татјана Гогоска.
Образовната платформа според основачите е единствена не само во Македонија туку и во регионот. Вакви и слични програми веќе посотојат во Европа и САД.