Центарот на контрола на епидемијата во Тајпеи објави дека има повеќе од 1200 случаи од петокот, вклучувајќи и нови 333 заразени за еден ден.
Тајван, кој беше во фокусот на меѓународната јавност откако имаше 200 денови без ниту еден регистриран случај на Ковид-19, воведува рестриктивни мерки откако има пораст на новозаразени од почетокот на пандемијата.
Центарот на контрола на епидемијата во Тајпеи објави дека има повеќе од 1200 случаи од петокот до средата, вклучувајќи и нови 333 заразени за еден ден.
Најголем број од заразените се од средината на април од квартот каде има барови во густо-населениот Тајпеи. Повеќе од 150 до 260 случаи доаѓаат од овој кварт.
„Најголем број од новозаразените се илегални мигранти, кои дошле во земјата без претходни проверки“, сметаат независните аналитичари од Тајпеи.