Македонката Сузана Аврамовска – Чизмиќ урива бариери во гигантот „Бош“ во Јужна Каролина

Your browser doesn’t support HTML5

Македонката Сузана Аврамовска – Чизмиќ во гигантот „Бош“

Принципите и работните навики се исти насекаде во компанијата Бош, независно дали работите во САД, Германија или Кина, зашто политиката на гигантот е да се чувствувате како дел од едно семејство, открива Чизмиќ за Гласот на Америка

Интервју преку Скајп за Гласот на Америка од Јужна Каролина

Сузана Аврамовска – Чизмиќ, работи во гигантот Бош веќе 14 години, а во САД е над 25 години. Во фабриката во Јужна Каролина со 1400 вработени, е на одговорна позиција, генерална менаџерка. Аврамовска – Чизмиќ вели дека особено во корпоративна Америка, во деловниот конкурентен свет, најбитни се постигнувања.

Неодамна, реномираниот „Аутомотив-њуз“, објави профил за неа, преставувајќи ја како успешна менторка и за младите лидерки во индустрија, претежно „резервирана“ за машкиот свет.

Во Бош, севкупно, во светот, работат, 400.000 луѓе.