Во финалето на американскиот професионален фудбал ( НФЛ) на 2-ри февруари во Мајами, суперболот што го гледаат милиони Американци, но и пасионирани љубители на фудбалот ширум светот, се среќаваат „шефовите“ од Канзас Сити (Чифс) и Сан Франциско 49 (Фортинајнерс).
Во полуфиналето синоќа, „шефовите“ ги победија Тенеси Тајтанс со 35-24, и ќе бидат дел од Суперболот за прв пат од 1970-та.
Сан Франциско веќе играл во финалето во 2012-та. Вчера навечер во полуфиналето ги поразија Грин Беј Пакерс со 37-20.
Обожавателите и навивачите на двата тима очекуваат динамично финале на американскиот фудбал со многу поени. Во регуларната сезона, Сан Француско беа втори, а Канзас петти.
Суперболот е вистинско уживање не само за љубителите на фудбалот туку и за останатите гледачи во САД и светот. Само во САД, преку ТВ-екраните, го гледаат 100 милиони гледачи.
И не е се во спортот. Компаниите плаќаат и по 5 милиони долари за 30 секунди за иновативни реклами за време на преносот.