Азиските финансиски пазари завршија со добивка во време кога инвеститорите се охрабрени од добрите вести за отворањето на фабриките во Кина и покрај пандемијата со коронавирусот.
Берзата во Хонг Хонг имаше раст од околу 1, 5 %, додека шангајската берза заработи една десетина од еден процент.
Инвеститорите и во Вол Стрит и Дау Џонс реагираа позитивно на вестите од Кина, а берзите S&P 500 и Nasdaq завршија со раст од 3%.
Европските берзи тргувањето го завршија со позитивна нота – Лондонскиот FTSE и DAX во Франкфурт заработија меѓу 1,5 и 2, 5 проценти.
И нафтените пазари регистрираа пораст на цените откако се најдоа на најниско ниво од 2002-ра. Тоа беше резултат на пандемијата со коронавирусот но и на војната за снабдување меѓу Русија и Саудиска Арабија.