Прва мисија само со цивили на Спејс-Икс

Првиот приватен лет на Спејс Икс го предводи 38 годишен бизнисмен.

Историската мисија, само цивили, треба да биде лансирана вечерва од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Ова ќе биде прв пат во децении да нема професионален астронаут во мисијата, само четворица туристи. Прва жена, Афро-Американка ќе биде пилот, на вселенското летало Спејс Икс.

„Имам можност да инспирирам нова генерација жени и девојчиња од малцинствата, за да знаат дека навистина може да се вивнат до ѕвездите“, изјави Сиан Проктор, пилотка на мисијата.

„Возбуден сум дека ќе се обидам да свирам музика на мојот инструмент Укулеле. Се извинувам, ако нема да ви се допадне музиката од вселената“ изјави Џон Краус, еден од членовите на мисијата.

Првиот приватен лет на Спејс Икс го предводи 38 годишен бизнисмен. Ќе го придружуваат двајцата среќни добитници извлечени на лотарија, и здравствен работник, кој како дете преживеал рак. Двајцата мажи и двете жени ќе летаат 160 километри над Меѓународната вселенска станица, и имаат цел да стасаат на височина од 575 километри, над локацијата каде се наоѓа, вселенскиот телескоп Хабл.