Астронаутите ќе го поправаат системот за разладување на МВС

Your browser doesn’t support HTML5

Ќе бидат потребни неколку излегувања во вселената
НАСА одлучи двајца американски астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС), почнувајќи оваа недела, повеќепати да излезат во вселената за да го поправат едниот од двата система за разладување со амонијак.

Астронаутите Рик Мастрачио и Мајкл Хопкинс ќе започнат со поправката во сабота. Другите две излегувања во вселената се закажани за 23-ти и 25-ти декември. Поправката ја забави товарен лет, закажан за четврток.

НАСА вели дека шестчлениот екипаж, во кој се наоѓаат и тројца Руси и еден Јапонец, не е во опасност.

Системот прекина да работи пред една недела, поради што астронаутите мораа да ја исклучат опремата што не е најнеопходна и да прекинат со дел од научните експерименти во лабораторијата. НАСА се реши на излегување во вселената откако инженерите не успеаја да го заобиколат дефектниот вентил во пумпата на системот за разладување, што се наоѓа надвор од станицата.