Па сепак, и натаму 443.000 Американци секоја година умираат од болести поврзани со цигарите
Мерките против пушењето спасиле 8 милиони Американци откако пред 50 години беше објавен првиот извештај за штетноста на цигарите, наведуваат американски научни истражувачи.
Журналот на Американското медицинско здружение објави дека мерките против пушењето од 1964-та го зголемиле животниот век за лицата во 40-те години на животот. Но, списанието истакнува дека мора да продолжат напорите за намалување на стапката на смртност на лица кои се страстни пушачи.
Во извештајот од 1964-та, тогашниот главен владин здравствен советник Лутер Тери недвојбено ги поврза цигарите со ракот на белите дробови, што ја шокираше нацијата во која 40 проценти од возрасното населени беа пушачи. Денес, таа бројка изнесува околу 18 проценти. Извештајот резултираше во построги мерки против пушењето, како предупредувачките пораки на кутиите со цигари и пошироката забрана за рекламирање на радиото и телевизијата.
Но, без оглед на тоа, од пушењето секоја година и натаму умираат приближно 443.000 Американци и тоа е главна причина за ракот на белите дробови, мозочниот удар и срцевите заболувања.