Денес започна првиот од неколкуте судски процеси против италијанскиот премиер Силвио Берлускони, откако претходно Врховниот суд му го укина имунитетот.
Денешното рочиште беше фокусирано на обвиненијата за затајување на данок при купувањето на телевизиски права за американски филмови преку компании во трети земји, кои се дел од медиумската империја Медиасет на Силвио Берлускони.
Премиерот ги негираше обвинувањата и не се појави во судот на рочиштето.
Берлускони се соочува со одделен судски процес во април за обвиненија дела платил за секс со малолетна стриптизета и се обидел да го прикрие случајот. Тој се товари и за корупција, а обвинет е во уште еден случај поврзан со судскиот процес против неговиот Медиасет.