Американско беспилотно летало се урна на Сејшелските Острови

Американско беспилотно летало се урна на Сејшелските Острови

Вашингтон не коментираше за неговата мисија.

Американско беспилотно летало од типот МК-9 се урнало на Меѓународниот аеродром на островот Махе од групата Сејшелски Острови, соопшти амбасадата на САД во соседен Маурициус. Официјални лица велат дека леталото било на рутинска патрола кога само неколку минути по полетувањето искусило проблеми со моторот.

Амбасадата не коментираше за мисијата на леталото.

Американската армија управува со мала флота на беспилотни летала во близина на Сејшелските Острови уште од 2009-та година, набљудувајќи ја сомалиската милитантна Ал-Шабаб и други организации поврзани со Ал-Каида.

Минатата недела, Иран соопшти дека приземјил американско беспилотно летало во источниот дел на земјата, во близина на границата со Авганистан.