Добра вест за регионот! Се заокружува мозаикот на заедничката одбранбена и безбедносна политика во регионот, под знамето на НАТО. Вака експерти за Гласот на Америка го коментираат пристапниот протокол.
Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон и добар познавач на Балканот, ги коментира предностите и користа од членството во Алијансата:
„Најпрво, тоа значи гаранција за безбедноста од другите членки на НАТО. Но, тоа не е се`. Членството за Македонија ќе значи поголема трговска размена и инвестиции, иако НАТО не е економска организација, ќе има економски ефект врз земјата. Дополнително обезбедува гаранции за суверенитетот и територијалниот интегритет. А тоа е важно за земја која страдала од меѓуетнички тензии“, вели Сервер.
По зеленото светло во парламентарните комисии, в четврток се очекува протоколот за членство да биде ратификуван и во Албанија. До крајот на месецов, е најавено во Бугарија и Словачка. По завршувањето на процедурите за ратификација во сите парламенти, на следниот самит, Македонија и официјално би станала 30-та членка на Алијансата.
Се работи за окончување на незавршен процес кој што требаше многу одамна да се заокружи.
„Генерално, бенефициите од членството се двострани, една е безбедносната компонента, како дел од воената Алијанса. Но исто така е важен чекор во правец на интегрирање кон Западот. НАТО секогаш бил дел од тој процес“, вели дамир Марушиќ е главен уредник во Магазинот „Американ Интерес“, експерт за Балканот. Запрашан - дали членството на Македонија во НАТО ќе го забави или одврати руското влијание, вели аналитичарот Дамир Марушиќ.
„Не гледам дека ќе биде ставен крај на операциите за ширење на руското влијание во регионот; протоколот со НАТО е пораз за нив, но тие ќе продолжат се` додека можат да ги наметнуваат интересите. Затоа, треба да се удвојат напорите за имплементирање на Договорот од Преспа, што побргу Северна Македонија во НАТО, и поттик за останатите во регионот, да се придружат“, смета Марушиќ.
Грција беше прва земја, што го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на идната Република Северна Македонија.