Самоа оваа година нема да има 30-ти декември. Оваа мала островска земја во јужниот дел на Пацификот годинава заради промени во временската зона, ќе го прескокне овој ден на својот календар.
Наместо тоа, Самоа од четврток, 29-ти декември, ќе премине на 31-ви декември и со тоа ќе стане една од првите земји кои ќе ја дочекаат 2012-та година, наместо меѓу последните.
Самоа од четврток ќе биде на истатата временска зона како и Австралија и Нов Зеланд.
Премиерот Туилаепа Саилеле Малиелегаои порано годинава соопшти дека Самоа губи потенцијални деловни зделки, бидејќи викендите не се совпаѓаат со оние на најголемите трговски партнери на земјата. Кога е почеток на работна недела во Австралија и Нов Зеланд, се` уште е недела во Самоа.