Највозрасната судијка во Врховниот суд на САД е на натамошно лекување
Судијката од Врховниот суд Рут Бадер Гинсберг е хоспитализирана во болница со 3 скршени ребра откако паднала во нејзината канцеларија.
Во официјалното соопштение се вели дека 85-годишната Гинсберг била примена во болница во Вашингтон откако почувствувала слабост.
Во соопштението се вели дека ќе биде подложена на понатамошен третман.
Гинсберг скрши две ребра откако падна во 2012-та. Два пати го победи ракот и има инплант на стент во 2014-та за деблокирање на артерија.
Таа се смета за една од најлибералните судии во највисоката судска истанца и беше именува во Врховниот суд од поранешниот претседател Бил Клинтон пред повеќе од 25 години.