Осум убиени во училиште во рускиот град Казан

Меѓу убиените се четири момчиња и три девојчиња.

Седум деца се убиени во училиште во југозападна Русија, потврдија руски официјални лица.

Исто така, најмалку еден учител е убиен во инцидентот во градот Казан, главниот град на Татарстан, кој се наоѓа околу 800 километри источно од Москва.

Меѓу убиените се четири момчиња и три девојчиња.

Новинските извештаи пренесоа дека некои ученици успеале да побегнат од училиштето за време на нападот. Најмалку 21 се повредени, вклучувајќи и десетина ученици.

Гувернерот на Татарстан, го опиша 19-годишниот напаѓач како „терорист“, кој е уапсен по нападот.

Масовните убиства се ретки во Русија. Кремљ објави дека претседателот Путин наредил разгледување на законите за контрола на оружјето по денешниот инцидент.