Бранот бегалци кон Европа не забавува, иако ЕУ најави нови мерки

Your browser doesn’t support HTML5

Продолжува бранот бегалци кон Европа

Досега над еден милион бегалци официјално стапнаа на тлото на Европа. Што понатаму?

„Очајни луѓе преземаат очајни мерки. За заж без политичко решение, бројката на бегалци само ќе расте. Бројките се огромни, но секој претставува индивидуална трагедија, коментира Брајан Хансфорд, портпарол на УНХЦР во Вашингтон, кој смета дека хуманитарните напори треба да продолжат иако последните збор го имаат политичарите во решавање на овој растечки проблем.

Кристофер Тајди, координатор за итни ситуации во УНИЦЕФ во разговор од студиото на Гласот на Америка во ОН, за личните впечатоци од патувањето низ Балканот, рече дека меѓу бегалците претежно се жени и деца, а не како што е перцепцијата во западните медиуми дека повеќето се мажи. Според него, 52% од регистрирани мигранти на граничните пунктови се – жени и деца. Разговарал со многу родители меѓу бегалците.

„Тие не доаѓаат во Европа затоа што сакаат, туку дека мораат. Велат дека немаат други избор, за да преживеат и да ги заштитат животите на своите деца“, вели Тајди.

Според она што го видел самиот, Тајди вели дека балканските држави кои се дел од маршрутата на мигрантите на пат кон Европа добро го координираат бранот на семејста со жени со деца.

„Особено кога ги минуваат граничните премини. Повеќето држави имаат формирано прифатни центри, каде се даваат хуманитарни услуги на оние кои се потребни, а е организиран и превозот од граничниот премин на една до друга држава“, вели Тајди.

Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос рече дека движењето и слободниот проток во Шенген зоната мора да се заштити, и за граѓаните и за економијата.

„Мора да има забавување на бранот бегалци. Единствен излез е заедничко европско решение од сите 28 членки со цел да се заштитат границите, да се почитуваат законите и да се обезбеди нивно релоцирање“, вели комесарот Аврамопулос.