Остра осуда на новинарскиот еснаф за нападот врз екипата на Ал Џезеира во Скопје

Your browser doesn’t support HTML5

Реакции со осуда за нападот врз новинарката на Ал Џезеира

Инцидентот се случи за време на вчерашниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните
ЗНМ


Здружението на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници сметаат дека ваквиот однос е неприфатлив и бараат санкционирање на напаѓачот. „Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните“ – се вели во соопштението на ЗНМ и Синдикатот. И Агенцијата за медиуми реагираше велејќи дека „ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста“.

ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум.
ВМРО - ДПМНЕ


И организаторот на протестот се огради од инцидентот. „ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум. Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари“ – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

МВР денеска информираше дека е идентификуван човекот што ја нападнал екипата на „Ал Џезеира“ кого го пријави новинарката за време натраењето на митингот.

Станува збор за 41-годишен Скопјанец кој бил приведен во полициска станица и против кој, како што информира МВР, ќе следи „соодветен поднесок“.