Помпео најави поддршка за Ирак и покрај повлекувањето од Сирија

Американскиот државен секретар е на еднонеделна турнеја на Блискиот исток

Американскиот државен секретар Мајк Помпео отиде во ненајавена посета на Ирак, каде се сретна со премиерот Адел Абдул- Махри и други официјални лица.

За време на еднонеделната посета по Блискиот исток, ќе ги увери сојузниците во поддршката и покрај плановите за повлекување на армиските сили од Сирија, но и да бара поддршка за зголемениот притисок врз Иран.

Стејт департмент објави дека на средбата со спикерот на ирачкиот Парламент Мохамед ал-Халбуси, Помпео ја истакнал заложбата кон ирачките безбедносни предизвици, вклучувајќи и продолжување на партнерството со ирачките сили.

Првиот дипломат на САД ја почна турнејата во Јордан, каде се заложи за удвојување на дипломатските и комерцијални напори за ставање вистински притисок врз Иран за да се променат, како што најави администрацијата на Трамп, бројните „малигни однесувања во регионот“.

Помпео планира да оди и во Египет, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија, Оман и во Кувајт.