Животот во САД низ призма на фоторепортерите на АФП
Исконската 42-ра улица во близина на Тајмс Сквеар, е врвулица од посетители. Денес, осамна празна.
Вообичаено, преполната 5-та Авенија во Њујорк, која пулсира 24 часа на ден, без туристи, посетители, локални жители...
Поглед на главната улица М што минува низ Џорџтаун во Вашингтон, без автомобили, велосипедисти, скутери, пешаци...
Познатиот кварт и популарно место за туристите во Вашингтон, Џорџтаун, со затворени ресторани, барови и продавници.
Најпозната железничка станица Гранд Централ во Њујорк - празна. Слика од филмовите од жанрот научна фантастика.
Американскиот Конгрес на дожливиот ден во главниот град.
Тајмс Сквеар - реалност, а не фикција. Њујорк презема жестоки мерки против коронавирусот.
Празна плажа во Флорида Кис. Стравувањата од коронавирусот, но и мерките од тамошните власти, ги испразнија вообичаено популарните дестинации во најјужните делови од САД.