Пандата Тиан – Тиан ужива во снегот!

Your browser doesn’t support HTML5

Вашингтонската панда ужива во снегот

Најпознатиот станар во Националната зоолошка градина хит по социјалните медиуми

Додека многу жители на главниот град на САД мака мачат во справување со огромното количество на снег, една од маскотите на Националната зоолошка градина во Вашингтон има помалку стресен пристап и е вистински хит по социјалните мрежи.

Пандата Тиан – Тиан во детски стил, уживаше во снегот којшто изминатиот викенд го парализираше животот на метрополата.

Вашингтонската панда е магнет за илјадници посетители во Националната зоолошка градина.