САД нема да конкурираат за домаќин на Олимписките игри во 2020

САД нема да конкурираат за домаќин на Олимписките игри во 2020

Земјите имаат рок до 1-ви септември до Меѓународниот олимписки комитет да го пријават името на градот претставник

Американскиот олимписки комитет одлучи да не поднесе пријава за кандидатура за домаќин на Летните олимписки игри во 2020-та година.

Чикаго, Њујорк, Далас, Лос Анѓелес, Минеаполис, Лас Вегас и Тулса беа градовите што пројавија интерес да бидат домаќин на Игрите во 2020-та, но секоја од кандидатурите зависеше од склучување на договор меѓу Олимпискиот комитет и Меѓународниот олимписки комитет околу делење на приходот, а кој се` уште не е финализиран.

Исто така не е изработен процес за избор на американски град, каков што имаше за 2016-та година, кога Чикаго ги победи Лос Анѓелес и Сан Франциско за да ги претставува САД. Чикаго сепак загуби од Рио де Жанеиро за Летните олимписки игри во 2016-та година, а Њујорк загуби од Лондон за Игрите во 2012 година.

Земјите имаат рок до 1-ви септември до Меѓународниот олимписки комитет да го поднесат името на градот претставник. Засега кандидати за Летните олимписки игри во 2020-та година се Рим, Мадрид, Истамбул и Токио.