Американската влада вели дека енергетскиот гигант Бритиш петролеум (БП) има план што двојно би го зголемил капацитетот на фатена нафта што се излева во Мексиканскиот Залив по несреќата на платформа за подводно дупчење на компанијата, но дека ќе биде потребен барем уште еден месец за да се подготви опремата.
Адмиралот на Крајбрежната гарда Тед Ален петокот изјави дека планот на БП вклучува поголеми танкери за фатената нафта, флексибилни цевки за нејзино префрлање до танкерите и потраен поклопец врз подводниот процеп од каде таа истекува, како и дека сето тоа може да биде подготвено за употреба до средината на јули. Според Ален, новиот систем би можел да префрли до танкерите и до 50.000 барели дневно.
Сегашниот кашацитет е 28.000 барели дневно. Според податоците на БП објавени петокот, во последните 24 часа биле фатени 15.400 барели.
Американската влада претходно неделава побара од БП да излезе со долгорочен план за ситуацијата.