Фармацевтската компанија Новавакс доби грант од 1,6 милијарди долари за вакцина против коронавирус

Извршниот директор Стенли Ерск изјави дека компанијата планира да достави 100 милиони дози вакцини во последниот квартал од годината, а целосно да заврши со производство во јануари или февруари следната година.

Американската влада му додели грант од 1,6 милијарди долари на фармацевтскиот гигант Новавакс да развива вакцина против коронавирусот. Ова е досега најголема сума средства за компанијата со седиште во Мериленд, дел од владината иницијатива “Operation Warp Speed”, за интензивирање на процесот до вакцина или лекување од Ковид-19.

Извршниот директор Стенли Ерск изјави дека компанијата планира да достави 100 милиони дози вакцини во последниот квартал од годината, а целосно да заврши со производство во јануари или февруари следната година.

Американскиот Оддел за здравство и Одделот за одбрана во заедничко соопштение објавија дека поради инцијативата која е финансирана од федералната влада, ќе „имаат 100 милиони дози на експериментална вакцина како резултат од развојните проекти“.

Грантот од владата на САД доаѓа во време на скок на нови заразени и се поголем број сојузни држави и градови ги враќаат рестриктивните мерки и карантинот.

Акциите на берзите на фармацевтскиот гигант Новавакс нагло пораснаа по веста дека добиле владин грант за развивање вакцина.