СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште далеку од можен компромис за датумот на парламентарните избори. Мицкоски денеска порача дека денот на гласање не може да биде 2 месеца по евентуалното прекинување на вонредната состојба која и дава можност на владата да ја води државата во ситуација на распуштен парламент.
Со ултиматуми не работиме, како што е 21 јуни, или избори без опозиција, тогаш такви избори нека им се со среќа.Христијан Мичкоски
„Ако владата е чесна во намерите на мерките од вториот економски пакет, тогаш избори не може да се одржат 60 дена од прекинот на вонредната состојба. Ако вонредната состојба прекине на 30 мај, избори не може да има до 30 јули.“ Рековме дека сме туку и подготвени за компромис ако има понудени аргументи. Со ултиматуми не работиме, како што е 21 јуни, или избори без опозиција, тогаш такви избори нека им се со среќа“, коментира Христина Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ.
Мицкоски вели дека не отстапуваат од трите понудени датуми кои се на крајот на август и во првата половна на септември – образложувајќи дека тогаш ризиците по здравјето на граѓаните би биле најмали. Владата инсистира на почитување на роковите кои почнуваат да течат по прекинот на вонредната состојба.
Датумот на изборите е детерминиран од владината уредба, во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржатОливер Спасовски
„Датумот на изборите е детерминиран од владината уредба, во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат. Жалам што немаме функционале парламент, да имавме парламент ќе имаше можност за политички договор “, коментира Оливер Спасовски, технички премиер.
Меѓународната заедница смета дека избори треба да има веднаш штом за тоа дозволат условите. Американската амбасадорка, во изјава пренесена од домашни медиуми, вели „Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благостостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум се додека условите дозволат изборите да се презакажат.Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите“, вели амбасадорката на САД Кејт Брнс.