Северна Македонија на 46-тото место на Индексот за економски слободи во 2021

Your browser doesn’t support HTML5

Глобалната економија, според годишниот извештај на фондацијата Херитиџ во Вашингтон, ѝ натаму е умерено слободна, но се предупредува за пад во земјите во развој поради негативното влијание од пандемијата

Ентони Ким, од Фондацијата Херитиџ во Вашингтон, еден од авторите на годинешниот Индекс за економските слободи најави дека ќе бидат потребни години за враќање на економијата на здрави нозе.

„Глобалната економија е замрзната. Добро е што нема нагло опаѓање на економските слободи. При изготвувањето на Индексот за 2021-ва, не можевме да ги мериме параметрите за лани со оглед на пандемијата, но ќе мора да се обнови на посакуваниот стадиум“, изјави Ким.

Северна Македонија, се најде на 46-тото место на Индексот за економските слободи во 2021-ва, со оценка од 68,6 за економски слободи. Забележан е пад од 0,9 отсто, претежно поради опаѓање во слободата на тргување. Рангирана, на 27-мото место од 45, во Европа.

Властите во Скопје, не само што мораа да се справат со надворешно-политички предизвици, не беше лесно да се менаџира, ниту економската состојба.
Ким, Херитиџ


„Северна Македонија, имаше големи предизвици измината година. Властите во Скопје, не само што мораа да се справат со надворешно-политички предизвици, не беше лесно да се менаџира, ниту економската состојба. Има моментум на ревитализација на економските параметри во земјата, но потребно е преземање итни економски реформи, а не само празни политички флоскули“, оцени експертот од Фондацијата Херитиџ.

SEE ALSO: Светската економија ќе порасне за 5,6 проценти годинава, вели Организацијата за економска соработка и развој

Аналитичарот Кин, со сугестии за оправување на економската слика во Северна Македонија: „Севкупно, потребно е зголемување на конкурентноста, преку јакнење на владеењето на правото и фискалното здравје, нема да биде лесно. Или унапредување на регулаторната ефикасност, преку поддршката за малите и средни бизниси во Северна Македонија. Но, потребна е опширна стратегија за помош, а не само за една индустриска гранка“, изјави Ким.

За перспективите на Западниот Балкан, споредено со останатиот дел од Европа, сугерира:

лавно прашање е како таа издржливост натамошно да расте во 2021-ва. Сите балкански земји имаат слични макроекономски предизвици
Ким, Херитиџ


„Изненадувачки, добро. Западниот Балкан, и покрај предизвиците, барем засега, вклучувајќи ја Северна Македонија, покажа издржливост на економските удари. Главно прашање е како таа издржливост натамошно да расте во 2021-ва. Сите балкански земји имаат слични макроекономски предизвици“, изјави овој аналитичар од Фондацијата Херитиџ.

„Иако САД повратија одреден степен на конкурентност на светско ниво, преку даночните олеснувања и регулативи изминатите години, за жал, 2020-та беше лоша година кога станува збор за фискалното здравје на нацијата. Зголемениот јавен долг, поголемата потрошувачка и дефицитот, е сериозен проблем“, изјави Ким.

Глобалната економска слобода останува на рекордно високо 61,6 отсто, втора година по ред, според Индексот за економски слободи според Фондацијата Херитиџ, и покрај неизвесноста од пандемијата со коронавирусот. Сингапур и натаму е нај слободна економија во светот, додека САД забележаа најлошо рангирање досега, како резултат од претераното владино трошење и губењето на довербата на граѓаните во владеењето на правото. Хонг Конг и Макао, не се рангирани во Индексот во 2021-ва, делумно поради последиците од растечката контрола врз нивните економии од страна на Пекинг.

SEE ALSO: Северна Македонија со нов сет мерки за поддршка на економијата

Од земјите – соседи, на Северна Македонија, Србија е на 54-тото место, со оценка 67,2, Албанија има Индекс за економска слобода од 65,2 отсто и се наоѓа на 66-тото место. Косовo, годинава се најде на 58-мото место, со 66,5 проценти од економската слобода. Во оваа земја е забележан пад поради намалување на правата на имот. Бугарија, најдобро, котира, со севкупно 70,4 економска слобода, и се најде на 35-тото место на глобалната листа на Индексот 2021. Има подобрување на економската слика од 0,2 поени поради унапредување на даночните олеснувања.