Македонската Влада очекува старт на преговори со ЕУ во декември

Your browser doesn’t support HTML5

Иако но и не ја исклучува можноста тоа да не се случи поради можно бугарско вето

Владината тројка Заев-Димитров-Османи на денешните онлајн средби со врвот на Европската Унија, Комисија и Парламент од Шарл Мишел, Жозеф Борел и Давид Сасоли ги слушнале проценките дека членките се во процес на усогласувања на преговарачката рамка за земјава од чие усвојување пак и ќе зависи дали на крајот на годината ќе се одржи Првата меѓувладина конференција.

Меѓусебната соработка треба да расне, да градиме пријателство и да го почируваме правото на самоопределување и самоидентификација како темелни европски вредности.
Зоран Заев, премиер


„На нашите европски пријатели им пренесов дека со соседна Бугарија имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и тоа го правиме. Меѓусебната соработка треба да расне, да градиме пријателство и да го почируваме правото на самоопределување и самоидентификација како темелни европски вредности. ЕУ го смета ова за билатерално прашање, се трудиме што е можно побрзо да излеземе од оваа ситуација. Знаете дека има разговори, ќе се трудиме да се најде решение, тоа го прават пријателите. Мило ми е што Бугарија изјавува дека е наш поддржувач и сметам дека согласно европските принципи навистина постои решение за се.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија

Дека опасноста од вето не е само празна закана на Софија потврдуваат и информациите од Брисел дека бугарските дипломати, барем засега, не попуштаат пред притисокот на нивните европски колеги дека Скопје треба да го почне преговарачкиот процес и покрај, како што Бугарија ги нарекува – отворените историски и идентитетски прашања со соседот. Ниту премиерот Заев не крие дека нова блокада е можно сценарио.

Не ја исклучуваме оваа можност и да нема одлука во декември
Зоран Заев, премиер


„Не ја исклучуваме оваа можност и да нема одлука во декември.. Но, искрено верувам дека тоа не е во ничиј интерес, ниту на бугарскиот народ. Се обидуваме да бидеме разумни, се надеваме дека и Бугарија ќе биде....“, оцени македонскиот премиер.

Владата порачува дека патот на земјата кон Унијата нема алтернатива, но и дека тоа не може да биде по цена на црвените линии – идентитетот и јазикот. Прашањето е како во овој кус период - до 10 ноември ќе се најде компромисно решение за вакви клучни прашања кои Бугарија реши да ги издигне на ниво на проблем за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.