Кејт Мари Брнс – номинирана за нова американска амбасадорка во Македонија

Kate Marie Byrnes, nomination for Ambassador in Macedonia

Дипломатка од кариера во Стејт департментот, а во моментов на функција заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека има намера да ја номинира Кејт Мари Брнс за идна амбасадорка во Македонија.

Таа е дипломат од кариера во Стејт департментот. Во моментов ја извршува функцијата заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција.

За неа се вели дека претходно била втор човек на мисијата и заменик - постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата дипломатска кариера работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, и била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.

Информацијата за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа.

Актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли ја сподели информацијата на својот профил на социјалната мрежа Твитер:

https://twitter.com/AmbBaily

Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија од Сенатот во декември 2014 година.