Северна Македонија го започна процесот на издавање на еврообврзница

Your browser doesn’t support HTML5

Интервју Нина Ангеловска: Северна Македонија го започна процесот на издавање на еврообврзница

Нина Ангеловска, министерка за финансии на Северна Македонија, преку Скајп за Гласот на Америка говори за предизвиците на малите бизниси во кризата со КОВИД-19

„Најмногу зависи колку ќе биде намалена наплатата на приходите, а колку ќе биде голем дефицитот и потребата за финансирање“, коментира министерката Ангеловска.

Ангеловска: Некои мали бизниси потешко ќе ја пребродат кризата

Според неа, светот се соочува со глобална епидемија и Северна Македонија има проектирано неколку сценарија како да одговори на предизвикот. „ММФ одобри 176 милиони долари од Инструментот за брзо финансирање, а секоја земја се справува локално иако вирусот е глобална закана. Продолжувањето на вонредната состојба овозможува да се усвојат уредби со законска сила за спречување на ширењето на КОВИД-19. Некои мали бизниси потешко ќе ја пребродат кризата, дел можеби ќе ги преструктуираат работните процеси“, наговести министерката за финансии.

„Можни се и промени во делот на некои синџири на набавка“, најави Ангеловска за Гласот на Америка.