„Како светот станува непредвидлив, толку повеќе ќе треба НАТО“ – Димитров.
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија е во Вашингтон на Самитот по повод 70-години од формирањето на НАТО.
НАТО е сојузништво што се бори за мир, но и почива на принципот „сите за еден, еден за сите“. Како светот станува непредвидлив, толку повеќе ќе ни треба НАТО, вели Димитров. За користа, но и обврските кон Алијансата, навести: „Реално е, а и` цврсто стоиме зад таа заложба да го достигнеме тој праг од 2% од ГДП за целосна партиципација во заедничкиот буџет на НАТО до 2024-та, најави првиот човек на дипломатијата на Северна Македонија за Гласот на Америка на македонски.