Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Гласот на Америка, вели дека меѓународната заедница има шанса да ја направи Македонија успешна приказна, со оглед на новата решителност со промената на власта да се работи на слободите медиуми, независните судии, на балансот на поделбата на власта.
За прашањето за името вели дека треба да се најде начин кој што ќе ги направи двете држави - победници. „Не би сакале да бидеме во позиција да избираме, меѓу добри односи со Руската федерација и НАТО – членството. Ние сакаме да сме дел од НАТО заради Членот 5, зашто е клучно за стабилноста на Македонија и на регионот, и на јужното крило на НАТО. Опкружени сме со членки на НАТО. Сите видовме дека не е добро Македонија да биде заклучена во чекалната на Алијансата толку многу време, коментира шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за Гласот на Америка.