Плодна година и за охриѓанецот Антонио Вељаноски, режисер, кој 11 години живее и работи во Прага.
Многу сум задоволен, бидејки мојот последен игран филм „Дедо и внук“ освои шест награди, на различни фестивалиПиперкоски, режисер
„Многу сум задоволен, бидејки мојот последен игран филм „Дедо и внук“ освои шест награди, на различни фестивали, на различни континенти и ме прави особено горд и ми дава поттик и во иднина да работам со исто темпо“, Илија Пиперкоски, режисер.
Последната од низата награди во 2020 беше онаа за најдобар филм на филмскиот фестивал во Париз, на почетокот на декември. Претходно ја доби и наградата за најдобра режија на Буда фестивалот во Индија.
„Многу е тешко странци, покрај толку филмаџии и толку многу филмови кои се снимаат годишно во Франција, покрај таква поддршка што има самата земја кон филмаџиите, странски филм да освои награда за најдобар филм. Филмот си го фати својот пат во смисол сами да ги бркаме сите фестивали, без интернационална дистрибуција, да немаме позади себе голем дистрибутер или агент за продажба“, Илија Пиперкоски, режисер.
И за Антонио Вељаноски, фотограф и режисер од Охрид, кој веќе 11 години живее и работи во Прага, 2020 беше добра година. Со неговиот филм „Изгубени“, ги освојува светски сцени. Учествувал на фестивали во Сапоро, Јапонија, Ирска, во Лондон, и во Аризона, САД.
Годинава имаше успех на фестивалот „Сохо“, во Њујорк, каде влезе меѓу најдобрите пет кратки меѓународни филмови. Изгубени е филм за осаменоста.Вељаноски, режисер
„Годинава имаше успех на фестивалот „Сохо“, во Њујорк, каде влезе меѓу најдобрите пет кратки меѓународни филмови. Изгубени е филм за осаменоста. Се работи за еден постар човек кој живее сам. Еден ден бил следен од едно куче, кое што не го остава на мира.Ситуацијата со кучето ќе го доведе во можност да не е повеќе сам“, вели Антонио Вељаноски, режисер.
Пиперкоски вели дека е многу тешко во време на пандемија да се креира уметност - „Како што има за угостителската дејност протоколи така има и за филмската дејност протоколи. Но уметноста е она што го води животот. Уметноста во исто време е амбасадор на една земја, на еден народ“.
Но, не се откажува. Има планови за 202-та -
„Имам напишано многу интересно сценарио. Голем предизвик е за мене, бидејќи како втор филм, секогаш се очекува да биде подобар од претходниот и по амбициозен. Филмот е трилер, акција, на едно многу повисоко ниво. Години го пишував сценариото и навистина сакам и македонската кинематографија да ја кренам на едно повисоко ниво“.
Вељаноски досега снимал повеќе од десет кратки филмови, а работел и со истакнати филмски имиња од Чешка, како монтажер. Работи на телевизиски проекти, како и за Чешката национална телевизија.
„Во 2021 година очекувам да добијам некои средства за снимање на нов филм во Чешка. Сега работам на сценариото и имам големи планови со тој филм. Исто така се занимавам со фотографија. Претежно со црно- бела фотографија. Работам со силуети, со сенки, со малку експериментирање и наоѓам некои места во Прага каде се среќаваат различни луѓе. Ви посакувам здравје, љубов среќа, и прекрасна 2021 година“, заклучува Антонио Вељаноски, режисер.