Осуден лидерот на опозицијата на Белорусија на 18 години затвор

Тсикановски се наоѓа во притвор од 2020-та. Тој беше уапсен пред одржувањето на изборите, на кои планираше да го предизвика долгогодишниот претседател Александар Лукашенко.

Судот во Белорусија го осуди опозициониот лидер Сархеи Тсикановски на 18 години затвор за поттикнување и организирање протести, објави државната новинска агенција Белта.

Тсикановски се наоѓа во притвор од 2020-та. Тој беше уапсен пред одржувањето на изборите, на кои планираше да го предизвика долгогодишниот претседател Александар Лукашенко.

Опозицијата во земјата негодува дека резултатите од гласањето кое му овозможија на претседателот Лукашенко нов мандат се лажирани, и организираше масовни протести.

Некои информации се од Франс-Прес и од Ројтерс.