Шампионот Мајами подобар од Атланта

Your browser doesn’t support HTML5

Атланта загуби од Мајами

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна 12 поени
Серијата од четири последователни победи на Атланта хокс прекината во Мајами:

Антиќ игра одбрана против Чалмерс

Актуелниот шампион Хит ги порази гостите со 104-88 во арената Американ ерлајнс.

Македонскиот интернационец Перо Антиќ за 15-те минути, колку што беше во игра, забележа 12 поени, две асистенции и еден скок.

Најпрецизен на мечот беше Крис Бош кој од Мајами со 19 поени, а ѕвездата Леброн Џејмс - 13.

Следниот меч Атланта го игра во среда против Детроит пистонс.