Кливленд кавалирс во финалето на НБА

Your browser doesn’t support HTML5

Кливленд во финалето на НБА

Во првата сезона по враќањето на Леброн Џејмс во клубот

Кливленд кавалирс во преполната сала на домашен терен ја „прегази“ Атланта хокс со 118:88 и со 4:0 во серијата „најдобар од седум натпревари“ се пласира во финалето на НБА.

Ѕвездата Леброн Џејмс постигна 23 поени, а имаше и 9 скока и 7 асистенции. Одлична партија пружија Кајл Ирвинг и Тристан Томсон, обајцата со по 16 поени.

Кај Атланта хокс, најпрецизен беше Џеф Тиг со 17 поени. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не играше на овој натпревар. Во текот на целиот меч, Кливленд имаше двоцифрена предност и доминираше под кошевите и од линијата за три поени, а натпреварот го заврши со севкупна прецизност од 49,4%.

Кливленд за противник во големото финале го очекува победникот од финалето на Западната конференција меѓу Голден стејт вориорс и Хјустон рокетс. Резултатот е 3:1, а петтиот натпревар се игра вечерва. Серијата на големото финале започнува на 4-ти јуни.