Вратата на НАТО останува отворена - за Скопје

Прес-конференција пред Самитот на Алијансата во Брисел

„По минатомесечниот историски договор за името, се согласивме да го поканиме Скопје да започне со пристапните преговори. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ние ќе можеме да ја поканиме Поранешна Југословенска Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО, под новото име Република Северна Македонија“ рече на прес конференција пред Самитот на Алијансата во Брисел, генералниот секретар, Јенс Столтенберг.