Меѓународниот поредок се менува и односите меѓу светските сили, но и новите сојузништва, не се исти како пред 20 години. Има растечки закани по стратешките приоритети на НАТО со оглед на појавата на кибернетските напади и меѓународниот тероризам.
Проширувањето останува важна алатка на арсеналот на НАТО, сметаат експерти за Гласот на Америка.
Грција и Македонија беа мошне храбри и најдоа решение за спорот. Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО, смета италијанскиот дипломат.
Денес е потребен НАТО повеќе од било кога зашто заканите по глобалната безбедност се фрагментирани, вели Рицо: „Има руско влијание, но не е толку интензивно. Влијанието е претежно поврзано со словенската култура, историја, јазикот“.
За можноста сите земји во НАТО да го ратификуваат протоколот со Северна Македонија до крајот на летото, Гарет Мартин, професор по меѓународни односи при Американскиот универзитет, вели: „Можно е. Иако секоја земја има свое темпо на ратификување. НАТО, историски, сака да претстави нови членки на големи самити. Можно е до декември да заврши целиот процес“.
Балканот е натаму живее во нестабилност, политички и безбедносни, вели Мартин и додава дека приемот на нови членки на НАТО само ќе го стабилизира регионот и ќе ги релаксира односите меѓу соседите.