Египет му забрани на Мубарак да патува во странство

Египет му забрани на Мубарак да патува во странство

Замрзнати и финансиските средства и имотот на поранешниот претседател и неговото семејство – проценети на неколку милијарди долари

Главниот египетски обвинител издаде забрана за патување во странство за поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговото семејство.

Со наредбата истовремено се замрзнуваат финансиските средства и имотот на семејството Мубарак, соопшти владин портпарол.

Медиските извештаи сугерираат дека богатството на Мубарак изнесува неколку милијарди долари. Мубарак се повлече на 11-ти февруари, по 18-дневни масовни протести да слезе од власт.

Египетските демонстрации испратија последователни потреси ширум Блискиот исток, со барања за смена на династиите кои со децении се власт – од Либија, па се` до Бахреин.