Американците гласаат за сите 435 законодавци во Претставничкиот дом, 35 од 100 сенатори и 36 од 50 гувернери на сојузни држави.
Истражувачите на јавното мислење најавуваат дека демократите би можеле да имаат предност во битката за Претставничкиот дом. За да имаат мнозинство, на конгресните избори треба да освојат 23 места повеќе.
Републиканците сметаат дека претседателот Трамп ќе ги обедини приврзаниците да обезбедат тесно мнозинство од 51 спрема 49 во Сенатот. Од 35 места за кои се гласа во Сенатот во вторникот, демократите во досегашниот состав држат 26, а републиканците 9 места.
Конгресните избори се своевиден референдум за претседателот Трамп и за Републиканската партија. „Јас сум на гласачкото ливче. Имајте ги во предвид достигнувањата во економија, и други области. Ако победат демократите ќе сменат се`, и ќе ја вратат земјата назад. Видете колку се наелектризирани“, изјави претседателот на последниот митинг за поддршка за своите сопартијци.
Поларизираното гласачко тело на делумните конгресни избори во САД ја изразува поддршката за досегашната работа, учинокот и политиката на претседателот Доналд Трамп. Исходот од гласањето може да го смени односот на политичките сили во Вашингтон и да влијае врз следните две години од мандатот на Трамп во Белата куќа. Предизборните анализи наговестија дека демократите би можеле да го освојат Претставничкиот дом, а републиканците имаат поголеми шанси во Сенатот. Трките за гувернерските места во некои од клучните сојузни држави како Флорида, Охајо и Џорџија се мошне неизвесни.
Едно од местата во Претставничкиот дом го освои Грег Пенс, постариот брат на потпретседателот Мајк Пенс, којшто победи во шестиот конгресен дистрикт во сојузната држава Индијана. Тоа е истото место каде Мајк Пенс победил пред да стане гувернер на Индијана, пред 18 години.
Затворени се гласачките места во главниот град Вашингтон, сојузните држави Мериленд, Конектикат, Алабама, Делавер, Илиноис, Мисисипи, Мисури, Масачусетц, Илиноис, Мејн, Канзас, Пенсилванија, Оклахома, Њу Џерси и Тенеси.
Според најновите проекции на американските медиуми повторно се реизбрани демократските сенатори Том Карпер од Делавер, Бен Кардин од Мериленд и Шелдон Вајтхаус од Роунд Ајленд, Крис Марфи од Конектикат, Шерод Браун од Охајо и Елизабет Ворен од Масачусетц. Гувернерите на Масачусетс и Пенсилванија, републиканецот Чарли Бејкер и демократот Том Вулф исто така освоија нови мандати.
Демократската партија го презема првото место од Републиканиците во Претставичкиот дом. Според проекциите на Си-Ен-Ен, демократската кандидатка во еден од изборните дистрикти во Вирџинија Џенифер Векстон ја победи републиканската конгресменка Барбара Комсток.
Затворени се гласачките места во уште три сојузни држави – Северна Каролина, Охајо и Западна Вирџинија. Според проекциите на Си-Ен-Ен, Берни Сандерс повторно е избран за сенатор од Вермонт, додека во Вирџинија победи Тим Кејн.
Како куриозитет, има 125% зголемување на излезноста на гласачите под 30 годишна возраст на раното гласање на делумните конгресни избори, споредено со 2014-та. Најдраматична промена модерната гласачко историја е ставот на младите дали досегашната политиката создава драстична разлики во нивниот живот. Анкетите наведуваат 15 процентно зголемување споредено со 2016-та. 40 отсто од испитаниците меѓу 18 и 29 години навеле дека дефинитивно ќе гласаат на изборите на 6-ти ноември.
Од 29 конгресни избори на средината на мандатот на претседателот од 1900-та, партијата на претседателот губела места во Претставничкиот дом секој пат, освен во три наврати во 1934-та, 1998-ма и 2002-ра.
Историјата на изборите на половина од мандатот на претседателот покажува дека вообичаено губи поддршка и прашање е колкав е поразот, наведуваат аналитичари. Таков е случајот кога претседателот е непопуларен, а Трамп нема добри бројки во анкетите за популарност меѓу гласачите.