Трамп: „Мексико не прави доволно да ги одврати имигрантите на пат кон САД“

Претседателот на САД неколку пати се закани дека ќе ја затвори јужната граница со Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови вербалните напади врз Мексико дека не прави доволно да го запре новиот бран мигранти на пат кон САД да бараат азил, како и оти неодамна мексикански војници впериле оружје кон американски колеги на границата.

„Многу голем караван од над 20.000 лица минува низ Мексико. Намален е од страна на тамошните власти, но се уште е голем. Мексико мора да реагира, во спротивно ќе затвориме границата и ќе распоредиме армиски сили. Трговците со дрога имаат и оружје“, напиша Трамп на Твитер.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1121012339552194560

Тој заклучи „Мексико не прави доволно во одвраќање на бранот имигранти на пат кон Мексико.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1121021160827887616

Претседателот на САД неколку пати се закани дека ќе ја затвори јужната граница со Мексико. Но, се откажа од идејата под притисок од демократите и републиканските законодавци коишто предупредија дека затворањето на границата ќе се одрази врз економската размена меѓу двете држави. Трговската размена меѓу САД и Мексико изнесува повеќе од 1, 6 милијарди долари годишно.

Претходно, Трамп рече дека на Мексико ќе му даде рок од една година да спречи проток на илегални наркотици и мигранти на јужната граница. Ако не го стори тоа за една година, тогаш Трамп се закани дека ќе воведе тарифи, а ако и тоа не функционира, ќе ја затвори јужната граница.