Доделена Нобеловата награда за медицина

Комитетот за нобеловата награда објави дека цитираме “ овие откритија му овозможуваат на човештвото нови сознанија за борбата против истошувачки болести кои погодуваат милиони луѓе годишно

Нобеловата награда за медицина им е доделена на научници од Ирска, Јапонија и Кина. Вилијам Камбел од Ирска, Сатоши Омура од Јапонија ја поделија наградата за откритие на терапија против инфекции од предизвикани паразити. Кинезот Ту Јују открил лек којшто значително ја намали стапката на смртост за пациенти кои страдаат од маларија.

Комитетот за нобеловата награда објави дека цитираме “ овие откритија му овозможуваат на човештвото нови сознанија за борбата против истошувачки болести кои погодуваат милиони луѓе годишно. Последиците во смисла на подобрено здравје на човекот и намалување на страдањето се неизмерни.

Камбел е истражувач на Универзитетот Дру во Медисон, Њу Џерси. Омура е професор на Универитетот Китасато во Јапонија, а Ту е професор на кинеската Академија за традиционална медицина.