На 14- тото издание на македонскиот филм во Торонто беа прикажани преку 20-тини документарци, кусометражни, долгометражни филмови, а акцентот од интересот годинава беше на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, каде по селекцијата во Берлин и успесите на неколку други филмски фестивали, влезе во трката за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот Парламент.
„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, кој е снимен во копродукција со Белгија, Словенија, Хрватска и Франција, a претставува „моќно филмско дело кое ја раскажува приказната за една жена која е дел од религиозна церемонија каде имаат пристап единствено мажите, чин што значително придонесува за феминистичката борба на жената – најакутното социјално прашање на нашето време, кое е интензивирано на Балканот“.
„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ e селектиран за наградата „Лукс“, заедно со уште девет европски копродукции, меѓу кои и документарецот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.
„Фестивалот е можност да и се долови на публиката културата од Македонија, но и да им се даде простор на сите поврзани со неа – режисери, продуценти, сценаристи актери, вели Крис Ослис, член на Бордот на директори на Фестивалот
Волонтерот Боб, ја доловува суштината на Фестивалот : „Да размислувате надвор од ограничувањата со кои живеете. Погледнете друг дел од светот преку филм зашто е евтин начин да патувате во друга земја, да видите друга култура, да осознаете друга перспектива за животот.“
Премиерата во Торонто на „Втора шанса“, првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева, забележа голем интерес.
Mакедонско-српска копродукција, снимен според сценариото на Огнен Георгиевски. „Втора шанса ги испреплетува приказните за три жени кои живеат во ист станбен комплекс за да создаде калеидоскопско набљудување на уникатното искуство на мајчинството, како и на самопожртвуваноста на носењето нов живот во овој свет.
Освен македонски, на Филмскиот фестивал во Торонто беа прикажани и ко-продукции на албански, и бугарски. Кусометражната 12-минутна драма „Без љубов“, доби посебен израз, како и Донка, Колива и Дијагнози.
Филмот „Правци“ за шест такси возачи и нивните патници низ ноќта во потрага по подобар поглед напред, беше прогласен за најдобар филм 14-от фестивал на македонскиот филм во Торонто.