Фејми Даут од „Медена земја“: За искуствата во кинескиот Вухан, епицентарот на коронавирусот

Your browser doesn’t support HTML5

Фејми Даут - За искуствата во Вухан, жариштето на коронавирусот

Од Холивуд, во карантински град, 45 дена! Директорот на фотографија на „Медена земја“, Фејми Даут се врати од Вухан во Скопје, каде снимал документарец во американско-кинеска продукција.
Фејми на пауза од снимање во Вухан

Фејми на пауза од снимање во Вухан

Со филмската екипа биле единствени странци во 12 милионската метропола, која беше затворена од 28 јануари. И покрај целодневните снимања, пренесува како изгледал некогашниот „град на духови“ и што значи изолација на кинески начин: задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено, и чување на сопственото и здравјето на сограѓаните, со еден збор – солидарност!