Американскиот синџир на продавници Lord & Taylor поднесоа барање за банкротство, надодавајќи на листата за поголеми брендови кои се особено погодени во продажбата поради кризата со коронавурусот.
SEE ALSO: Трамп даде рок од 45 дена да се постигне договор за продажба на Тик ТокLord & Taylor се едни од најстарите стоковни куќи во светот, и во поднесеното барање за банкротство се наведува дека недвижностите и акциите на берзата на компанијата се проценуваат меѓу 100 и 500 милиони долари.
Според поглавјето 11, за банкротство според американските закони, вообичаено компанијата продолжува да работи и ги испраќа ратите од кредиторите.
И други големи Стоковни куќи како J.C. Penney и Neiman Marcus, поднесоа барање за банкротство уште во мај.
На поглавјето 11 се повикаа и гигантот во сферата на изнајмување автомобили Херц, како и синџирите вежбалници, како 24 Hour Fitness и Gold’s Gym.