Северна Македонија: 31 октомври – можен датум за одржување на локалните избори

Your browser doesn’t support HTML5

Можности за одржување локални избори

Но, опозицијата, според денешната реакција, не е среќна со овој датум.

Терминот го соопшти премиерот најавувајќи дека за него допрва ќе се разговара и со опозицијата. Избори на крајот на октомври е во игра за кампањата да се не се поклопи со пописот кој треба да се одржи во септември.

Предлогот доминантно од партиите – треба да се изјаснат сите, но доминантно е 31 октомври да биде и тоа ќе биде вградено во изборниот законик.
Заев, премиер


„Предлогот доминантно од партиите – треба да се изјаснат сите, но доминантно е 31 октомври да биде и тоа ќе биде вградено во изборниот законик. Се надевам дека ќе постигнеме консензус со опозицијата, важно е таа да потврди дека е среќна со тој датум.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Но, опозицијата, според денешната реакција, не е среќна со овој датум. Му порачуваат на премиерот за да нема поклопување, нека го одложи пописот.

Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот.
Митева, ВМРО-ДПМНЕ


„Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот. “, оцени Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев најави дека со останатите поголеми партии е договорена измена на Изборниот законик во делот на отворени изборни листи. Тврди дека иницијативата има поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса и Алтернатива има договор. Сега уште со малите партии треба да се разговара за отворени листи. Не е тоа официјализирано зашто ќе биде официјално кога барателите, а тоа се малите политички партии, ќе бидат задоволни со ваквото унапредување на демократските модели. Се работи за отворени листи каде ќе се гласа – има една преференца. Предлогот е да има најмалку праг од три проценти. Кога би биле 16.000 избирачи, три отсто е околу 500. Тогаш, таа преференца ќе го качува кандидатот погоре на листата. Малите партии имаат резерва. Го поздравувам тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прифати и еве со укажувањата кои ги дадоа, со една преференца, прв пат не мора да го комплицираме системот.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Вели дека има логика и начелна согласност за СДСМ и останатите коалициски партии – ДУИ, Беса, ДПА да имаат меѓусебна поддршка на локалните избори. Но, ова треба дополнително да се прецизира – Заев веќе се видел Билал Касами и Мендух Тачи, а до крајот на неделата ќе се сретне и со Али Ахмети. Најави дека СДСМ ќе ја објави втората група на кандидати за градоначалници на крајот на јули или почетокот на август, а третата ќе биде позната на крајот на август.