Смеењето е „заразно“ и лекува

Смеењето е едно од најпосакуваните задоволства. Бесплатно, може да се прави насекаде и помага да се чувствуваме добро.

Но, има уште една работа што треба да се знае за смеењето. Тоа е заразно. Исто како грипот, може лесно да се пренесе меѓу луѓето. Многу често кога слушнеме некој да се смее во просторија полна со луѓе или во воз, почнуваме и ние да се смееме, без да знаеме зошто.

Сепак, за разлика од грипот, дури и доброто миење раце нема да ве заштити од поривот да се насмеете. Вашите очи и отчукувањата на срцето се местат во положба за да бидете обземени од чувството што го создава смеењето.

​

Во основа, многумина лекари нагласуваат дека менталното здравје може да влијае врз физичкото здравје. Слободно може да се каже дека, смеењето е најдобрата медицина.

Сепак, тоа не значи дека не треба да земате лекови кога сте болни. Позитивниот пристап и расположението можат да бидат само од голема помош кога имате проблеми.

Луѓето што го практикуваат тоа, веројатно се исклучително среќни. Но, има и такви што се намуртени или несреќни. Во таков случај, тие што се расположени за смеење треба да им излезат во пресрет и заедно да се смеат со нив.

Од друга страна, пак, смеењето со некого може да добие и друга насока. Тоа е исмевање со некого, што веќе има негативна конотација.

Но, тој, што е исмеван е можно да биде и тој што последен се смее. А што значи тоа, некој последен да се смее?

Тоа е кога некој поминал низ тежок период, бил исмеван, критикуван, но на крајот излегол како победник.

Таков е примерот со наставникот, којшто ја изгуби куќата и спиеше во својот автомобил во близина на училиштето. Учениците го снимија во неговите целосни розови пижами со зајачки уши на главата и видеото стана популарно на интернет.

Но, нивната намера да го исмеваат се претвори во атракција на „Јутјуб“, па наставникот бргу доби понуда од компании да рекламира пижами. Напиша и книга со совети за лесно заспивање, секаде и во секое време. Тоа значи, тој излезе победник и последен се смееше.

Блиски со терминот „последна насмевка“ се и исклучително тешки ситуации. Најдобро е на таквите моменти да се погледне со смеење. Односно, насмејте им се на проблемите.

Во фразите поврзани со смеење стои и советот: Насмејте му се на светот и светот ќе се смее заедно со вас; Почнете да плачете и ќе си продолжите да плачете сами. Тоа значи дека луѓето преферираат околу себе да имаат насмеани личности што шират позитивна енергија.