Една недела откако претходната посета заврши со незадоволство на палестинската страна од американските идеи за мировна спогодба со Израел
Американскиот државен секретар Џон Кери денес се враќа на Блискиот Исток, една недела откако претходната посета заврши со незадоволство на палестинската страна од американските идеи за мировна спогодба со Израел.
Средбите на Кери со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Шимон Перес во Ерусалим се одложени поради снежното невреме што го погоди градот, но тој сепак планира да се сретне со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас во Рамалах, на Западиот Брег.
Стејт департментот најави дека Кери ќе продолжи со дијалогот со обете страни од претходната посета, во време кога тие продолжуваат да преговараат за главните прашања на мировниот договор по кој се трага веќе долго време. Портпаролката Џен Псаки соопшти дека средбите ќе ги опфатат сите прашања на дневниот ред, вклучувајќи ја и безбедноста.
Минатата недела, Кери беше убеден дека двете страни по подолго време се најблиску до спогодба. Тој понеделникот во Вашингтон имаше тричасовна средба со изрелската преговарачка Ципи Ливни и нејзиниот палестински колега Саеб Ерекат.
Израел и Палестинците ги обновија преговорите под американско посредништво кон крајот на јули годинава, согласувајќи се на средби во деветмесечен период.