Бројни реакции на предлогот за заеднички објекти за дипломатските претставништа на државите што потекнаа од поранешна Југославија
Откако медиумите во Белград ја пренесоа изјавата на српскиот шеф на дипломатијата, Иван Мркиќ, дека е можно, за намалување на трошоците, до крајот на 2014-та да се постигне договор меѓу некогашните членки на југословенската федерација за воспоставување на модел на заеднички дипломатски претставништва во одделни држави во странство, сличен на „скандинавскиот модел“, што потоа го потврди и македонскиот премиер Никола Груевски, во Македонија не стивнуваат реакциите.
Имено, Мркиќ, според кого „скандинавскиот модел“ има успешна примена во Токио, на пример, каде во еден објект биле сместени претставништва на петнаесетина држави од Латинска Америка, за српските медиуми изјави: „Најблизу до договор сме со Македонците и Црногорците. Ние ќе продолжиме со идејата, но ќе им понудиме на сите заинтересирани да ни се приклучат. Од една страна, тоа би ги намалило трошоците, а би овозможило државите од регионов да бидат застапени и видливи во многу делови од светот, како и заедно да настапуваме на странски пазари“.
Во тој конктекст, според белградски „Новости“, српското МНР контактирало со дипломатите во Скопје, во Подгорица, во Сараево и во Љубљана, за заеднички претставништва во Африка, Азија и во Латинска Америка.
На новинарско прашање за српскиот предлог, македонскиот премиер Никола Груевски одговори дека, во рамки на плановите за заштеди, македонскиот министер за надворешни работи веќе подолго време го рагледувал предлогот со шефовите на дипломатиите, не само на Србија, Словенија и Црна Гора, туку и на Турција, и, најверојатно, Хрватска.
„Идејата не е заедничка дипломатија. Тука нема никаква политичка заднина, има чиста финансиска заштеда и ништо повеќе од тоа... Се разбира дека нашите дипломатски мисии ќе бидат засебни и нема да делуваат заеднички, но заради заштеда на финансиски средства за кирии, идејата е некаде ние да отстапиме, каде што имаме поголем простор за влез на дипломатски претставници на други држави, а некаде тие нам да ни отстапат“, изјави Груевски, според кого, на тој начин, Македонија би имала дипломатски претставништва и во држави во кои сега ги нема.
Коалициониот партнер во власта, Демократската унија за интеграција, ја поддржа изјавата на Груевски за заеднички дипломатски претставништва со некои земји од регионот, вклучувајќи ја и Србија. ДУИ излезе со став дека се работи за европска пракса и дека предрасудите меѓу соседите во регионот треба да се надминат.
„Не треба да се има предрасуди со која држава, дали ќе биде тоа Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Црна Гора..., не е важно“, изјави за медиумите портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Ексамбасадорот и професор Нано Ружин за Гласот на Америка на македонски јазик потенцираше дека при разгледувањето на предлогот за восоставување на модел на заеднички објекти за дипломатско-конзуларните претставништва - ДКП на државите на Западен Балкан, треба да се земат предвид најмалку три елементи.
„Првиот е тежината на раздружувањето на СФРЈ и стравот од синдромот на српскиот лидершип, второ е недовербата кон соседите и се` уште ниската политичка култура за пофункционална регионална солидарност и трето, потребата од рационализација во услови на општа економска криза. Само третиот фактор е во полза на идејата за заеднички ДКП-а... Засега, оваа идеја е прифатлива и рационална, но недоволно прецизирана и можеби преуранета. За да заживее идејата, потребно е да ја прифатат повеќе држави од Западен Балкан, потоа да се разработат и прецизираат и правно решат одредени нејаснотии и да се урамнотежат сите значајни параметри, од технички до политички, согласно логиката на функционирање и составот на мисијата. Искуствата на дипломатијата на Босна и Херцеговина не се баш најпозитивни, бидејќи секој од испратените службеници повеќе се чувствуваше одговорен кон сопствениот ентитет, отколку кон повисокиот дипломатски службеник, ако тој е испратен од друг ентитет“, изјави Ружин за Гласот на Америка.
Првичните реакции во Македонија главно беа негативни.
ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски во сопшптение истакна оти е „очигледно дека по заедничката прослава по повод 100 години од српската окупација на Македонија одржана во Зебрењак, по почетокот на изградбата на домот на српското оружје во центарот на Скопје, по поставувањето на Цар Душан и уште пет владетели од династијата Немањиќ на мостот „Око“, ова претставува логично продолжување на политиката на денешното ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме, во почетокот на 90-те години имаше едно ВМРО-ДПМНЕ кое се бореше за сопствени македонски амбасади, денес имаме друго ВМРО-ДПМНЕ, кое се бори за поништување на тие амбасади. ВМРО-Народна партија предлага, спојувањето на амбасадите да не е единствениот чекор, туку уште подобро ќе биде и Министерството за надворешни работи ако е можно да го споиме, зашто, очигледно и така, тоа во последните неколку години е во функција на нашиот северен сосед“.
И албанската опозициона партија Национална демократска преродба беше против предлогот, тврдејќи дека со ваквиот проект „продолжува спроведувањето на референдумот од 1991 година за независноста“, кој, според партијата, всушност бил „референдум за интеграција на Македонија во Србија“.
„Мислам дека се работи и за уште еден мрачен проект за Албанците од Македонија, имајќи предвид дека со него веќе заживува вториот дел од прашањето за референдумот за независност на Република Македонија, кое беше: „Дали сте за независна Република Македонија за да може да се обедини со некоја од поранешните југословенски републики?“ Всушност, мислам дека соработката во областа на амбасадите, односно, за ускладување на надворешната политика, потврдува дека оваа земја дефинитивно се интегрира во Србија. За жал албанскиот коалициононен партнер ја поддржува оваа идеја со голема помпезност“, изјави пратеникот од НДП, Наџи Џелили.
Според албанската невладина организација „Разбуди се“, проектот претставува продолжување на „србофилијата во Македонија“.
„Се добива впечаток дека Владата ги прифаќа сите српски предлози. Затоа, го каниме Белград да даде предлог за решавање на спорот со името, затоа што само така имаме најдобри изгледи Владата на Македонија да прифати решение, како што ги има прифатено сите досегашни српски предлози. Дали овој предлог е усвоен на владина седница и кој е ставот на албанските претставници во извршната власт? Дали тие ќе дозволат албанските амбасадори на Македонија да ја претставуваат Србија, или пак, амбасадорите на Македонија во Косово и Албанија да ја претставуваат Србија“, се вели во соопштението на „Разбуди се“.
И професорот Ружин во изјавата за Гласот на Америка на македонски јазик вели дека би било полесно кога предлогот би се спроведувал со мисии кои имаат чисто економски или технички функции, „во поглед на делење на заеднички објекти, а притоа секој да работи себично за својата држава (во Латинска Америка, на Далечниот Исток, додека за Европа, тоа во овој момент не е изведливо). Иако за некои држави кои имаат намера да ги повлечат своите ДКП-а, како што најави Албанија, подобро е да бидат застаени и со еден дипломат во рамкте на заедичкото ДКП, отколку да немаат ниту еден на територијата на респективната држава“.
Според професорот, предлогот не би смеел да се отфрли, туку да се остави простор за мултилатерални договарања, за да се најде солуција.
„Би можело да се почне со чисто технички прашања во најдалечните држави во кои Република Макдонија не поседува сопствено ДКП, а подоцна, врз основа на стекнатите искуства, да се разгледа иднината на проектот. Истиот проект би можело да се примени и во услови на работење под „заеднички покрив“, што засега е најлесната формула, како што функционираат мисиите во мултилатералата. Во НАТО, мисиите се под заеднички покрив, во заеднички објект и со заеднички влез и обезбедување. Нив ги дели само еден ѕид обложен со кнауф, но сите останати служби и трошоци се заеднички. Овие позитивни искуства може да бидат појдовна основа за реализација на проектот за заеднички ДКП-а на државите на Западен Балкан“.
И покрај оптимизмот на македонскиот ексамбасадор, одделни негативни реакции дојдоа од Косово и од Бугарија.
Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај беше скептичен кон српската иницијатива.
„Не можам јас до оценам како соседните земји од регионот се претставуват во надворешната политика, затоа што тоа е нивна сувереност и немам информации како тоа може да функционира. Но, ние треба да ги разгледаме околностите. Прво, нордиските земји кои можат да имаат такви репрезентации се разликуват многу од постјугословенските земји, кои овие две децении преживеаја низа човечки трагедии, и каде политичката независност е најголемата потреба. Србија сé уште интервенира во внатрешните работи на соседните држави, и затоа регионалната соработка е далеку од тоа да биде одлична”, изјави Хоџај за медиумите на албански јазик.
Директорот на бугарскиот Национален историски музеј, Божидар Димитров, пак, беше дециден дека „формирањето заеднички амбaсади меѓу Македонија и Србија ќе биде чекор кон создавање заедничка држава“! Според него, еден од столбовите на независноста е да се има независна надворешна политика, така што тој смета дека „тврдењата оти со тоа нема да биде засегната надворешната политика се смешни, зашто во една амбасада не може да остане тајна ниту една инструкција од соодветните министерства за надворешни работи“.
Димитров оди и понатаму и во интервјуто за бугарска агенција, чии делови пренесоа медиумите во Скопје, тврди дека „секој што добро ја знае историјата на Македонија, знае дека таа држава беше создадена од српските тајни служби, за да служи како тампон-зона при ембаргото што се очекуваше да биде воспоставено спрема она што остана од Југославија. Обединувањето на двете држави, кое почнува со обединувањето на амбасадите, е целосно уставно, зашто луѓето забораваат дека прашањето на референдумот беше - дали сте согласни Македонија да стане независна држава со можност одново да се обедини“.