Американскиот претседател Џо Бајден во посета на Тексас

U.S. President Joe Biden and first lady Jill Biden wave as they walk to Marine One on the South Lawn of the White House, to travel to Texas after a winter storm left millions without electricity and clean water for days.

Најмалку 40 лица починаа како последица од силната зимска бура, што го зафати јужното крајбрежје од средината февруари

Претседателот Бајден ќе направи обиколка во Тексас да се увери во големата штета што ја причини снежната зимска бура, која предизвика недостиг од струја, чиста вода за пиење за милиони куќи во време на пандемија.


Бајден со сопругата Џил, ќе посети хуманитарен центар во Хјустон, најголемиот град во оваа сојузна држава. Потоа ќе направи тура во Центарот за вонредни операции за да се увери за мерките коишто ги презема ФЕМА.

Најмалку 40 лица починаа како последица од силната зимска бура, што го зафати јужното крајбрежје од средината февруари.

Тексас е особено погоден од невообичаено ниски температури, кои предизвикаа прекин на напојувањето со струја.