Бајден победи на примарните избори во Охајо

Жителите на Охајо гласаа преку и-меил

Најверојатниот демократски претседателски кандидат Џо Бајден победи на примарните избори во сојузната држава Охајо.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон го поддржа Џо Бајден

Жителите на Охајо гласаа преку и-меил откако физичкото гласање беше одложено во март поради пандемијата со коронавирусот.

Бајден е единствен во демократската трка за претседателска номинација откако на почетокот од месецот сенаторот од Вермонт Берни Сандерс објави крај на кампањата, со што поранешниот потпретседател остана последен и единствен кандидат.

Тој ќе се соочи со претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември.