Јануш Бугајски: Лош ден е кога земја-членка блокира сосед на пат кон ЕУ

Your browser doesn’t support HTML5

Јануш Бугајски за бугарското вето кон Северна Македонија

Долгогодишниот аналитичар за Балканот од Фондацијата Џејмстаун ги коментира последните случувања на релација Скопје - Софија по бугарското вето за почеток на преговори на Северна Македонија во ЕУ

Глас на Америка: Како што се очекуваше, Бугарија стави вето за Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ. Претседавачот со Унијата Германија најави дека сепак е прашање на време, да се откочи процесот. Но - дали?

Јануш Бугајски: Евентуално, да. Би било побрзо и поефикасно, ако ЕУ не функционира со апсолутен консензус. На пример, ако имаат систем со мнозинско гласање или постигнување на консензус, без согласност од една членка. Тогаш, веќе ќе беа почнати пристапните преговори. Лош ден е кога земја во ЕУ, блокира сосед кон Унијата.

SEE ALSO: Блокадата на Бугарија предизвика незадоволство кај членки на ЕУ

Глас на Америка: Кои е најголем предизвик за Брисел во контекст на проширувањето?

Јануш Бугајски: Предизвикот за Брисел е дека е обврзан да ги внесе сите земји од Западниот Балкан. Но, има ѝ прашања како тоа дали Бугарија беше квалификувана за влез во ЕУ, кога беше примена. Веројатно, Северна Македонија би била многу понапред во пристапниот процес. Секоја држава мора да ги затвори сите поглавја и да ги спроведе неопходните реформи.

Глас на Америка: Последната одлука од Бугарија не само што го затвори патот за Северна Македонија, туку ги поткопа и европските заеднички вредности? Што е во залог?

Би рекол дека опасноста е што вербата во ЕУ ќе опаѓа по ветото, на Бугарија ќе се гледа како дестабилизатор во регионот, и ќе има зголемено влијание од Москва.
Јануш Бугајски, аналитичар


Јануш Бугајски: Би рекол дека опасноста е што вербата во ЕУ ќе опаѓа по ветото, на Бугарија ќе се гледа како дестабилизатор во регионот, и ќе има зголемено влијание од Москва. Тоа ѝ оди во прилог на руската политиката - Македонија и Албанија да се блокираат на патот кон ЕУ. Ќе има зголемено руско влијание поради политиката на Софија.

Глас на Америка: Како ја гледате улогата на идната администрација во Вашингтон на новоизбраниот претседател Џо Бајден во олеснување на некои мали, незначителни, кои може да се трансформираат во тешки прашања, за понатамошна интеграција на Западниот Балкан?

САД мора да бидат по инволвирани со Софија и Скопје, во обид за некој вид на Договор, компромис. Во спротивно, ќе се охрабрат надворешните сили, чија цел е дестабилизирање на регионот.
Јануш Бугајски, аналитичар


Јануш Бугајски: Видовме уште во време на администрацијата на Трамп како инволвираноста од американската администрација успеа да го оконча прашањето меѓу Грција и Македонија, околу официјалното име на земјата. Американската ангажираност направи возможно решение за тој спор.

Слично, САД мора да бидат по инволвирани со Софија и Скопје, во обид за некој вид на Договор, компромис. Во спротивно, ќе се охрабрат надворешните сили, чија цел е дестабилизирање на регионот.

SEE ALSO: Аналитичари: По бугарското вето, Северна Македонија, мора да изгради стратегија

Глас на Америка: Социјалисти и демократите во Бугарија го повикаа премиерот Бојко Борисов да не го блокира процесот на проширување само за да ја зачува коалицијата со хард-лајнерите. Колку е реалистичен почетокот на преговори со ЕУ за Северна Македонија до крајот на годината?

Јануш Бугајски: Не изгледа возможно до крајот на годината, доколку не се случи нагла промена од Бугарија. Веројатно, тоа би се случило по инаугурацијата на Бајден, зашто би имало поголем фокус врз тоа прашање. САД и ЕУ мора да работат заедно. Го поздравувам државничко однесување на премиерот Заев, кој не дозволи да биде испровоциран од Софија. Мислам дека Северна Македонија ќе излезе подобра од оваа ситуација.