По убиството на командантот на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани, не стивнуваат реакции во САД.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео за Си-Ен-Ен изјави дека убиството на Солејмани одвратило напад.
„Тој активно планираше напади во регионот, при кои како што ги опиша, десетици американски животи би биле ставени под ризик. Знаеме, дека имаше планиран нападот беше планиран“, рече Помпео.
Претходно, Стејт департментот, објави дека Помпео разговарал со британскиот и германскиот колега Доминик Раб и Хајко Мас за „воена акција за елиминирање на Солејмани и им се заблагодарил за „нивните неодамнешни соопштенија со кои се осудиле агресивните закани од Иран и од силите на Кудс“.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф го окарактеризира нападот како „акт на тероризам“ и преку Твитр се огласи дека е „екстремно опасна и будалеста ескалација“.
https://twitter.com/JZarif/status/1212946202280579073?s=20 ]]
Претседателот Трамп веднаш не се огласи со коментар, туку преку Твитер објави фотографија со американското знаме.
[[https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1212924762827046918]]
Неколку дена претходно, Трамп го предупреди Иран дека ги држи негови лидери за одговорни за серија напади од членови на паравојските поддржани од Иран врз американската амбасада во Багдад.
САД веќе распоредија 750 војници од 82-рата воздушна дивизија во Кувајт за обезбедување на американските бази и персонал во регионот. Пентагон објави дека дополнителни војници ќе бидат испратени, ако е неопходно.